Тригодишно девојче исчезна во САД, а полицијата вели дека се работи за киднапирање од роденденска забава од страна на маж и жена, кои веројатно го намамиле давајќи му нешто благо, пренесува „Метро“.
Девојчето, чие име е Камил „Капкејк“ МекКини, за последен пат е видено околу 20.30 часот во саботата во Алабама. Полицајци веруваат дека тоа е во опасност.
Полицијата објави и фотографија од возилото со кое девојчето е киднапирано.
– Само си ја сакам ќерка ми назад. Ќе платам колку треба, ќе направам што и да се бара од мене – вели 27-годишниот татко Доминик.
ФОТО: Метро