Шеснаесетгодишното девојче кое е тешко повредено од судирот на автобус и воз кај Ниш, сѐ уште се бори за живот, додека 16-годишното момче е во стабилна состојба и е префрлено од интензивна нега, пренесува „Курир.рс“.
– Девојчето има тешки повреди на главата и лекарите се борат за нејзиниот живот. Момчето поради повреда на грбот е префрлено на неврологија – рекле од болницата во Ниш.
Од 19 патници повредени во несреќата, на интензивна нега се уште петмина, но најлоша е состојбата на девојчето.
Во тешката сообраќајна несреќа загинаа пет лица.
Животот на возачот на автобусот не е загрозен, но сепак се чека неговата состојба да се стабилизира за да биде сослушан.
Против возачот ќе била поднесена кривична пријава за тешко дело против безбедност во сообраќајот. Му се закануваат до осум години затвор.
ФОТО: Принтскрин