Во шума помеѓу скопските села Паничари и Буковиќ утрово околу 05 часот, полициски службеници го лишиле од слобода 48-годишниот Ф.Т. од Сарај, скопско, кој се барал поради сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, информира МВР.
Скопјанецот една година бил во бегство.
На 26.09.2019 во СВР Куманово било пријавено дека Ф.Т. извршил обљуба врз 14 –годишно девојче од село од општина Липково, на кое и бил очув. Подоцна, во разговор со полициски службеници девојчето изјавило дека нејзиниот очув и претходно(уште кога имала 12 години), во повеќе наврати извршил обљуба врз неа.
Силувачот е приведен, соопшти МВР.