Девојче во Британија држено во ќелија само со сад со вода

300

Две лица биле уапсени откако девојче наводно било пронајдено во темна соба, според сведоци, која изгледала како ќелија и во неа немало ништо, освен сад со вода.

Како што пренесува „Метро“, немилиот настан се случил во куќа во Салфорд.

Детето е однесено во болница за да биде проверено од доктори пред да им биде предадено на локалните социјални служби.

– Триесет и двегодише маж и две години помлада жена беа приведени поради сомнение дека го занемариле детето. Пуштени се на слобода, а истрагата продолжува. Детето не е повредено – се вели во извештајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...