Инвеститорот на објектот во општина Илинден каде што вчера се удави 13-годишно девојче немал дозвола за градба, изјави за НОВА ТВ градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски.
Инспекторите од општината извршиле увид и утврдиле дека не се почитувани елементарните услови за градење.
Девојчето се удави вчера во ископ исполнет со вода во месноста Бигла во населбата Илинден.
Фото: ТВ 24