Девојка умрела после груб секс на Ноќта на вештерките

Девојката и момчето биле на забава по повод Ноќта на вештерките во зградата во близина и заедно отишле во автомобилот во гаражата.

753

Полицијата во Њу Џерси ја истражува смртта на девојката Френсис Викторија Гарсија (19), која била пронајдена мртва во автомобилот на кровот на јавна гаража. Се испитува дали насилниот секс е причината за смртта на младата жена.
Телото на девојката било пронајдено во саботата наутро, пишува „Њујорк пост“.

Како што ѝ раскажал Мајкл Гефни (21) на полицијата, со кој Френсис била во автомобилот, тие двајца биле на забава по повод Ноќта на вештерките во зградата во близина и заедно отишле во автомобилот во гаражата.

Момчето опишало дека земале некои таблети и потоа се впуштиле во груб сексуален однос во автомобилот. Во еден момент, на девојката ѝ се слошило и починала.
Според познатите информации, девојката наводно претрпела повреди на вратот во текот на грубиот секс во автомобилот. Светските медиуми пренесуваат дека Мајкл е обвинет за нејзината смрт.

Девојкката во петокот присуствувала на гласна, бучна забава за Ноќта на вештерките на 14. спрат, навел соседот. Забавата била толку гласна така што во еден момент бил повикан и вратарот, а забавата ја напуштила со момчето кој на крајот повикал помош.

Точната причина за смртта ќе биде позната по обдукцијата, како и дали против Мајкл ќе биде покрената кривична постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...