На регионалниот пат Штип-Карбинци, вчера во 21.45 часот се случила сообраќајка меѓу три возила. Сударот настанал помежу патничко моторно возило „шкода“ со штипски регистерски таблици управувано од М.С.(58) од с.Карбинци, патничко моторно возило „фиат палио“ со штипски регистерски таблици управувано од В.Ш. (21) од с.Чардаклија, и патничко моторно возило „алфа ромео“ со штипски регистерски таблици управувано од Д.С.(29) од Штип.
Во незгодата сопатникот од возилото „алфа ромео“ А.Ј.(20) од Штип се здобила со тешки телесни повреди по што со друго возило била пренесена во Клиничката болница во Штип, каде и била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истата била префрлена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.
Поради вршење на увид од 21.50 до половина час по полноќ сообраќајот бил во прекин во двата правци. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.