Девојка си ја исполни најголемата желба – го запозна папата

841

Антонија Класновиќ е девојка од земјава, која беше една од посетителите на мисата, кои имаа можност да се качат на бината на плоштадот „Македонија“ и да се поздрават со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.

Понтифот одржа миса на плоштадот пред голем број граѓани – верници од земјава, но и странство, почесни гости, македонскиот државен врв, љубопитни граѓани, кој таму беа за да видат една светски позната личност. Упати порака за за мир, соживот, за поголема љубов кон Бога и кон луѓето, а откако мисата заврши католичните верници имаа можност да се причестат.

Антонија во разговор за МИА вели дека ова бил еден од најсреќните моменти во нејзиниот живот.

– Многу сум среќна затоа што сум тука. Затоа што верувам во Бог. Ова е еден од најсреќните моменти во мојот живот. Отсекогаш сум сакала да го запознаам папата – вели таа.

Таа посака повеќе вера кај луѓето.

– Сите да бидеме подобри, посплотени, подружељубиви, почовечни, похумани – вели Антонија.

Голем број католици од земјава, но и над илјада верници од Хрватска, околу 50 од Словенија, но католички верници од Босна и Херцеговина, Шпанија, Хондурас, Калифорнија ја слушаа мисата. Меѓу присутните имаше и голем број деца.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...