Трисет и двегодишна жена попладнево околу 18 часот се фрлила од железничкиот надвозник на булевар „Трета Македонска Бригада“ во близина на старата амбуланта Пролет во Скопје.
Како што потврдија од Министерството за внатрешни работи за МИА, МВР добило повик од Брза помош за натамошна асистенција на надвозникот.
Жената со тешки телесни повреди и со скршеници на нозете е пренесена во Ургентниот центар и ќе биде задржана за натамошна опсервација, посочуваат од МВР.
Претходно порталот „Јанаки знае“ објави дека млада девојка попладнево си го одзеде животот скокајќи од мостот кој минува над амбулантата Пролет.
.