Двaесет и едногодишна девојка од Свети Николе рано утрово загина загина во сообраќајна несреќа на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип.
Според информациите од портарпоролот на СВР Штип Гордана Панајотова несреќата се случила во 5.15 часот а до неа дошло кога возило марка „ауди“ директно се удрило во електричен столб и преминало на другата страна на булеварот.
Возачот на возилото веднаш е пренесен во штипската Клиничка болница и е во контактибилна состојба.
Во тек е увид од страна на основен јавен обвинител и полиција за да се утврди причината за несреќата.