Девојка од Индија обвини политичар дека ја силувал, па доживеа страшна сообраќајка (ВИДЕО)

855

Тинејџерка од Индија, која во 2017 обвини политичар дека ја силувал, е тешко повредена во сообраќајка.

Деветнаесетгодишната девојка патувала заедно со својот адвокат и две роднини, кога ги удрил камион. Роднините загинале, а нејзиниот адвокат со тешки повреди завршил во болница, пренесува Би-Би-Си.

Кулдеп Синг Сенгар кој е обвинет за силување, се наоѓа во затвор повеќе од година дена.

Полицаецот Ракеш Синг изјавил за Би-Би-Си дека возачот на камионот бил уапсен и одведен на испрашување. Според извештаите, регистарските таблички на возилото биле премачкани со црна боја.

Сомнителни околности 

Опозицијата во Индија повикала на истрага за сообраќајката, сметала дека околностите се „сомнителни“.

Девојката се обидела да се запали пред резиденцијата на државниот министер Јоги Адитјанат, тврдејќи дека Сенгар ја киднапирал и ја силувал.

Еден ден подоцна, таткото на жртвата починал во затвор. Наводно, недела дена претходно бил нападнат од политичарот Сенгар и негови блиски.

Потоа следувале апсењата на Сенгар и уште 10 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...