Деветнаесетгодишната Аријана Сефери од Гостивар загина синоќа во сообраќајна несреќа која се случи во италијанското градче Виларота ди Лузсара.
За сопатниците на трагично настраданата девојка се појавија различни информации во македонските медиуми. Според едни, италијанската полиција известила дека таа патувала во автомобил „фиат брава“ во кој биле нејзиниот пријател од Индија и негов пријател.
Од засега непознати причини, возилото се судрило со автомобил „фиат мултипла“, кој доаѓал од спротивен правец. Сефери починала на местото на несреќата, додека двајцата државјани на Индија, кои биле повредени во несреќата, починале во болница
А според други, кои ги пренесуваат италијанските медиуми, таа во возилото била со нејзиниот татко, кој бил повреден во сообраќајката.
Од нашето Министерство за надворешни работи ни изјавија дека ја проверуваат информацијата за овој случај.
ФОТО: Фејсбук