Шеснаесетгодишна девојка и шестгодишно дете вчера завршиле со повреди, поради удар од возилo во одделни сообраќајни несреќи.
Еднната се случила во Битола, кога возило управувано од 29 годишно лице, удрило во 16-годишна девојка. Од ударот девојката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Битола.
Во вториот случај, во селото Кондово, кога возило со скопски регистерски ознаки удрило во 6-годишно момче од Глумово. Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено на Детска клиника при комплексот клиники „МајкаТереза“.
Во двата случаи извршен е увид на местото на настанот.