На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) се сместени четворица пациенти со сериозни повреди од сообраќајната несреќа кај селото Ласкарци, а вчеравечер во Ургентниот центар бил префрлен уште еден пациент, кој претходно бил сместен на одделение во болницата „8 септември“. Девојката на која и беше ампутирана ногата, по две операции, е во тешка, критична состојба. Во тешка состојба е и уште еден пациент со торакална повреда, кој е во единицата за интензивна нега.
– Во болницата „8 Септември“, во интензивна нега се сместени пет пациенти. Двајца и понатаму се на респираторна машина, состојбата во однос на вчерашниот ден не е променета и тројца кои не се на респираторна машина, но имаат тешки повреди и се во критична состојба – информираше Филипче.
Утрово на повредите добиени во сообраќајката им подлегна и 39-годишен маж.
Photo: EPA / Frosina Novakovic