Меитал Дохан, поранешната девојка на легендарниот холивудски актер Ал Пачино во новото интервју за раскинувањето на нивната двегодишна врска, ја обвини големата разлика во годините, притоа нарекувајќи го својот поранешен партнер – „скржавец“.
40-годишната израелска актерка, со 79-годишниот оскаровец, била во врска две години, а иако, како и многумина, го сметаат за легендарен актер, тој за неа сепак е старец.
– Се обидов да ја одречам нашата голема разлика со годините, но искрено тој веќе е постар човек, па дури и со целата моја љубов, нашата врска не успеа да потрае – изјавила Дохан во интервјуто за израелскиот магазин „Ла’Иша“.
Во спомнатото интервју, поранешната партнерка на Ал Пачино исто така изјавила дека актерот воопшто не бил дарежлив партнер.
– Не знам како да кажам најпристојно дека не сакаше да троши пари… тој само ме купуваше цвеќе – рекла 40-годишната актерка.
Иако тие ја завршија својата двегодишна врска со расправија, Меитал Дохан му посакува на својот поранешен партнер само најдобро.
– Јас навистина го сакам и го ценам. Ми беше драго што бев покрај него во моментите кога му требав и што станав дел од неговото наследство. За мене тоа е чест и драго ми е што оваа врска се случи меѓу нас и се надевам дека ќе останеме добри пријатели – заклучила таа.
Ѕвездата на „Ирецот“ има 30-годишна ќерка со поранешната учителка по глума Јан Тардит и 18-годишни близнаци со актерката Беверли Д’Ангело, а во текот на актерската кариера го поврзуваа со бројни познати дами од Холивуд.
Пред врската со израелската актерка Меитал Дохан, Пачино беше во долгогодишна врска со аргентинската актерка Лусил Сол чија ќерка Камила Мороне веќе неколку години е во врска со вечниот холивудски ерген Леонардо Дикаприо.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин