Девет часа трае битката со огнот кај Манастирец (ФОТО+ВИДЕО)

1573

Девет часа трае битката со огнот кај росоманското село Манастирец, во моментов 30 луѓе на терен се борат со пламените јазици. Пожарникари и работници од „Македонски шуми”.

Од Територијалната противпожарна единица рекоа за Плусинфо дека веќе се одредени дежурства за оние кои ќе бидат на лице место и во текот на ноќта, а утре кон екипите за гаснење ќе се приклучат и 15 работници од комуналното претпријатие.

Оттаму нагласија дека единицата е целосно мобилизирана и во гаснењето учествуваат  и пожарникари кои не беа на смена, но дојдоа да им помогнат на колегите но и на кавадарчани, зашто денеска цело Кавадарци е во дим и се чувствува непријатна миризба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...