Врз основа на Меморандумот за разбирање помеѓу министерствата
за внатрешни работи на Република Словачка и на Република Македонија, во земјата пристигнаа девет припадници на полицијата на Република Словачка и пет полициски возила.
Амбасадата на Република Словачка во Скопје денеска соопшти дека словачките полицајци ќе спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, со цел превенција во областа на јавната безбедност и неовластеното преминување на државната граница.
Полицајците ќе бидат соодветно опремени со теренски моторни возила, термални камери и уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полицициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување, стои во соопштението.