При акциска контрола спроведена ноќеска до два часот по полноќ во угостителски објект во тетовското село Желино пронајдени се девет пејачки и танчерки.
Од нив, три биле од Албанија и шест од Македонија. Албанските државјанки на возраст од 25, 30 и 33 години се приведени во полициската станица Тетово и предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и раедмисија за натамошна постапка, а сопственикот на објектот ќе биде повикан во полициска станица Тетово.