Девет автобуси и комбиња исклучени од сообраќај во источна Македонија

229

Секторот за внатрешни работи-Штип вчера при спроведената акциска контрола на патиштата во источна Македонија од сообраќај исклучила девет автобуси или комбиња, што вршат јавен превоз на патници, а на истите им се издадени и девет прекршочни патни налози.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека во акциската контрола биле контролирани 80 автобуси и други возила кои пренесуваат патници.

– Шеесет и  две возила се упатени во станица за технички прегледПри контролите, констатирани се неправилности, односно кај шест е утврдена неисправност на уред зазапирањекај две неисправен уред за управувањедодека кај еден неисправни останати уредиПреземени се вкупно 18 мерки по горенаведените прекршоциодносно деветсе исклучени од сообраќај и издадени се девет прекршочни платни налозиСанкционирани се и 33  останати прекршоци, вели Панајотова.

Таа истакна дека и во наредниот период ќе имаат ваква акциска контрола низ патишта во источна Македонија. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...