Деветгодишно девојче пронајдено мртво во торба во Лос Анџелес

186

Во четвртокот деветгодишно девојче било пронајдено мртво во торба во Лос Анџелес, пренесува „Вашингтон пост“.

Тогаш полицијата извести дека станува збор за дете од 7 до 10 години, кое носело розева маичка со напис „идна принцеза херој“. Полицијата ја замоли јавноста да и помогне да го идентификува лицето.

Сега се утврдило дека станува збор за девојчето Тринити Лов Џонс, кое било убиено.

– Зборови не можат да опишат како се чувствувам сега. Сакам одговори. Сакам правда – изјавил Антонио Џонс, кој тврди дека е татко на Тринити, за „КТЛА“.

Нема информации за тоа како девојчето е убиено. Истрагата е во тек.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...