Деби Хари шокира: Дејвид Боуви ми го покажа половиот орган, беше нашмркан со кокаин ФОТО

Во деловите од мемоарите кои се објавени во британските и американските медиуми, опишани се неверојатни анегдоти од нејзиниот живот, но една за Дејвид Боуви е посебно интересна.

579

Пејачката на култната група „Блонди“ и една од најголемите панк икони, Деби Хари (74), ги објавила своите мемоари „Face it“ во кои се осврнува на својот живот пред славата, хероинската зависност и травматичните искуства од младоста.

Во деловите кои се објавени во британските и американските медиуми, опишани се неверојатни анегдоти од нејзиниот живот, но една за Дејвид Боуви е посебно интересна.

Тоа било во седумдесеттите години, Кога Деби била на почетокот од кариерата, а во Њујорк се дружела со Дејвид Боуви и Иги Поп.

„Еднаш тие двајца ми бараа кокаин, бидејќи нивната „шема“ пресушила. Еден пријател ми даде еден грам, но јас не го сакав кокаинот, бидејќи од него бев нервозна и ми влијаеше на грлото. Им го дадов тоа и тие го исшмркаа одеднаш. Потоа, Дејвид го извади пенисот. Веројатно мислеше дека сум навикната на тоа затоа што бев во бенд само со мажи. Мислам дека на тој начин сакаше да ми се заблагодари. Неговата големина беше злогласна, сите тоа го знаеја и тој обожаваше да им го покажува на жените и мажите. Беше смешно, но и секси. Не го допрев, но си помислив: Па, многу убаво! Пријатно се изненадив, бидејќи тој навистина е музички гениј и му се восхитувам“, напишала Хари.

Во биографијата исто така напишала дека за малку ќе била жртва на серискиот убиец Тед Банди, но побегнала во последен момент.

Една вечер барала такси за да стаса до клубот, а запрел маж со бел автомобил кој ја убедил да влезе во возилото и дека тој ќе ја однесе.

„Беше многу уверлив, не се откажуваше. Влегов во автомобилот, беше лето и многу топло, а прозорците беа само малку отворени. Кога сакав да ги отворам уште малку, сфатив дека нема рачка за отворање на прозорците, а нема ни рачки за отворање на вратите. Сфатив дека целата внатрешност на автомобилот е празна. Се чувствував несигурно и сакав само да побегнам. Тој само молчеше. Кога насилно го отворив прозорецот и ја извадив раката за да ја отворам вратата, тој нагло сврте, а јас излетав од автомобилот среде улица“, напишала Деби.

Дури по 15 години сфатила дека во автомобилот била со еден од најозлогласените сериски убијци.

„Тоа се случи непосредно пред да го погубат. Сè си поврзав и сфатив дека навистина тоа беше тој таа ноќ. Сè се поклопуваше, тоа беше во токму во периодот кога тој убиваше. За среќа, јас сум една од ретките кои успеаа да му побегнат“, вели Хари.

Деби опишала како се чувствувала беспомошно откако била силувана со закана со нож. Во станот кој го делела со тогашниот партнер и член на бендот, Крис Стајн, провалил непознат маж и ја нападнал, а потоа ја украл нивната опрема. Ги следел до станот и двајцата ги врзал.

„Бев бесна, фрустрирана, сè што сакав беше одмазда. Крис беше покрај мене и ми помогна да го пребродам сето тоа. Од некоја причина мојот разум преовлада и успеав да преминам преку сè“, рекла Деби.

Признала дека таа и Стајн биле зависници од хероин.
„Бевме сиромашни и се дрогиравме од очај. Понекогаш ни беше генијално, а понекогаш ужасно. Но, тоа е приказната за рокенролот, зарем не?“, напишала и додала дека не жали за ништо во својот живот, иако можеби не требала да зема хероин.

FOTO: Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...