Извештајот за разрешувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева кој се уште е во рацете на собранискиот спикер Талат Џафери се очекува во текот на денот да му биде доставен на Илија Димовски, претседател на собраниската Комисија за избори и именувања за да може да биде закажана расправата пред пратениците, велат за Плусинфо од кабинетот на претседателот на законодавниот дом.
Со оглед на тоа што станува збор за доверлив материјал за случај за кој се води истрага седницата што треба да ја закаже Димовски најверојатно ќе се одвива зад затворени врати.
И додека пратениците кои се членови на собраниската комисија очекуваат да слушнат детали кои ќе им помогнат да донесат одлука дали третоосомничената во случајот „Рекет“, Катица Јанева треба да биде разрешена поради индиции за нејзина вмешаност во рекет врз бизнисмени поради што во притор се и Боки 13 и Зоран Кичеец, пратениците ги очекува расправа и за предлог законот за Јавно обвинителство со кој треба да се реши судбината и на специјалното обвинителство и негово спојување во ОЈО.
Според собранискиот Деловник откако ќе зарши расправата на Комисијата што ја води пратеникот Димовски, а од која се очекува предлог за разрешување на Јанева, Џафери ќе свика пленарна седница. Конечната одлука на пратениците ќе треба на крајот да ја потврди и Советот на обвинители чиј претседател е Коле Штерјев.
Откако Јанева беше притворена кон средината на минатиот месец, останаа многу оторени прашања врзани за статусот на СЈО, кој според експерти што ги консултираше Плусинфо, треба да добијат одговор до средината на септември кога престанува мандатот на Јанева, а со тоа, според нивните толкувања, ќе падне и тимот што го избра осомничената обвинителка.
Сепак, според јасно изразените ставови на сите политички партии застапени во парламентот извесно е дека падот на Јанева глатко ќе се случи во Собранието.
Тоа, велат нашите изори, ќе биде јасна порака и до тимот на СЈО дека треба да си ги спакува куферите, додека не се донесе новиот закон со кој се предвидува припојување кое засега останува неизвесно зошто на таквата можност ѝ тежи и ставот на опозицијата која неколку пати побара истрага за инволвираност и на други обвинители од тимот на Јанева во аферата „Рекет“.