Дебата за подобрување на функционалноста на месните самоуправи

48
20151019 Monday 1347 luge gragani gragjani ulici tolpa skopjani anketi anketa

Во организација на Министерството за локална самоуправа и на УНДП денеска во Скопје се одржа форум на кој претставници од локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и експертската јавност дебатираа како да се подобри функционалноста на месната самоуправа преку поголемо вклучување на јавноста во донесувањето на одлуките и подобрување на испораката на одредени услуги, особено во руралните општини.

Заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески истакна дека реално има потреба од додефинирање на статусот на месната самоуправа, имајќи го предвид принципот на субсидијарност и процесот на децентрализација што ја истакнуваат потребата од организирање на граѓаните во месни и урбани заедници.

– Тоа е определба и на Владата – прашањето на месната самоуправа да се решава како можност за поголема вклученост на граѓаните во донесувањето на одлуките, особено во руралните заедници. Тоа го сакаат и граѓаните, тие имаат потреба да се организираат на ниво на месна заедница и на тој начин организирано да влијаат на решавање на прашањата од заеднички интерес – рече Павлески.

На форумот беше презентирана и експертска анализа подготвена преку спроведено истражување на целата територија на државата.

На експертско ниво беше истакнато дека Законот за локална самоуправа недоволно ги дефинира функциите на месните и урбаните заедници и затоа е потребно додефинирање во постојниот или во сосема нов закон за месна самоуправа. Неопходно е месните и урбаните заедници да воспостават поголема институционална соработка со советите на општините, наспроти сегашната пракса на нивна комуникација главно со градоначалниците.

Како размислувања биле посочени и можностите за враќање на правниот статус на месните заедници, да имаат поголема финансиска самостојност, да бидат ангажирани лица кои ќе бидат формално вработени и да бидат дефинирани областите на делување. Како можност било посочено и една месна заедница да опфаќа повеќе населени места кои споделуваат слични интереси.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...