Двојно е намалено нивото на реките Црн Дрим кај Ложани, Струмица кај Ново Село, Пчиња кај Пелинце и Лепенец кај Скопје, во однос на просекот за август.
Пониски водостои се регистрирани на Вардар кај Јегуновце и кај Велес и Крива Река во Крива Паланка, а повисоки на Вардар кај Демир Капија, Брегалница кај Штип и Црна Река кај Новаци.
Водостојот на Дојранското Езеро е минимално зголемен споредено со августовскиот просек, а во рамки на просекот се Преспанското и Охридското Езеро.