„МПЦ има потреба од грижа и негување на земни блага за добробит на својата структура“.
Не се проблем земните блага, Црква сте, така сте структурирани, светот е реален и материјален, колку и да ние нашите одлуки ги препуштиле или не на волјата на семоќниот.
Проблемот е што сакате да влијаете на сѐ што се однесува на земското, на политиката, на бизнисот, што не ви е срам да учествувате во уништување на градот, што возите џипови и глисери, што само окрупнувате имот, што сте комплетно откажани од духовното (настрана чесни исклучоци), и ете, што продавате двојни стандарди.
Постојано велам, од што сте препуштени на земното, среќа што не владеете со душите на овој народ.
А прашање е и дали веќе дали има душа овој народ.