„Двојници“ на Ким Џонг-ун и Родриго Дутерте прекинаа миса во Хонг Конг

137

Двојник на филипинскиот претседател Родриго Дутерте денеска присуствуваше на миса во филипинска црква во Хонг Конг, што предизвика извесна доза ентузијазам меѓу верниците, но и збунетост.

Филипинскиот глумец дојде во црквата во бела кошула каква што обично носи Дутерте, а заедно со него беше и двојникот на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, кој на јавноста ѝ е познат како Хауард Екс.

За време на мисата, многу од верници не можеа да ја задржат смеата, оти го препознале глумецот-двојник на филипинскиот претседател. А, некои пак, се посомневаа дека тоа навистина е Дутерте.

Една жена, пак, го критикувала имитаторот дека е „невоспитан што дошол во црквата и направил сцена”, како и дека тоа воопшто не личи на „нашиот претседател“.

Во Хонг Конг живеат околу 200.000 Филипинци, главно жени што работат како куќни помошнички.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...