Битката за доминација на Вимблдон денеска не се одвиваше само на тенискиот терен. „Двобојот на војвотките“ продолжи во женското финале на Вимблдон, а каде, ако не во кралската ложа.
Меган Маркл и Кејт Мидлтон вторпат во само една недела се појавија во јавноста заедно, овојпат со уште едно познато лице, помладата сестра на Кејт, Пипа. Сѐ се скенираше – од нивната облека до невербалната комуникација, за да се открие дали навистина војвотките се во добри односи или во прашање е уште една кралска претстава за јавноста.
Во жестоката конкуренција, треба да се биде убав, но и релативно скромен. Така Кејт го „повтори“ зелениот фустан на „Долче и Габана“, кој го носешево 2016 година во Канада, а чини 2.150 фунти. Меган, пак, се одлучила за беа кошула и за здолниште на „Бос“ вредно 350 фунти.
Поучена од несреќното искуство од пред неколку дена кога молела за приватност, а потоа наишла на лавина критики, Меган овојпат очигледно немала посебни барања овојпат. Обожавателите ја фотографирале цело време, а војвотките и Пипа не ја симнувале насмевка од нивните лица.