Две четиринаесетгодишни ученички од основно училиште од Скопје, вчера биле донесени на Клиниката за токсикологија.
„По преземени мерки, било утврдено дека истиот ден околу 11 часот во село Дељбиле скопско, за време на училишна екскурзија, двете ученички се однесувале агресивно и почнале да губат свест, по што била повикана Итна медицинска помош. Притоа, тие изјавиле дека конзумирале таблети, најверојатно „екстази“, кои ги криеле во облеката. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, соопшти МВР.