Во хотелот „Алем“ во Сараево пронајдени се две тела, потврдила портпаролката на Министерството за внатрешни работи, пренесуваат тамошните медиуми.
– Екипата се формира и многу брзо ќе почне увидот – додала таа.
На терен биле и припадници на специјалната полиција.
Аваз пренесува дека се работи за убиство и самоубиство. Наводно мажот ја убил жената, па себеси.
Се работи на идентификување на телата.