Властите на Родос ја истражуваат смртта на две сестри во хотелски базен од претходната вечер, пренесува „Екатимерини“.
Двете девојки биле идентификувани како туристи од Франција кои дошле на одмор на островот со блиски. Едната имала 16, а другата 19 години.
Инцидентот се случил доцна попладне, кога спасителот не бил на работа.
Постојат сомнежи дека едната се удавила обидувајќи се да ја спаси другата девојка, но не е јасно како се случило бидејќи нема сведоци.