Две ракети истрелани на Тел Авив, активирани сирени за тревога

691

Сирени за тревога се вклучени вечерва во Тел Авив, првпат од 2014 година, откако најмалку две ракети се истрелани на Израел, соопшти израелската војска.

Армијата нагласи дека се активирани сирени за ракетна тревога ширум централниот дел на земјата.

Локалните медиуми известуваат дека ракетите се истрелани врз густо населениот Тел Авив. Едната е пресретната од противракетниот систем „Железна купола“, додека другата веројатно паднала на отворен простор.

Очевидци тврдат дека се слушнала експлозија, но засега нема информации за евентуални жртви или повредени лица.

Палестински извори во Газа изјавиле дека ракетите се истрелани од северниот дел на Појасот Газа, но не е познато која организација е одговорна за инцидентот.

Ракетирањето се случува по неколкунеделни тензии и размена на оган минатата сабота, кога е истрелана ракета на Израел.

Израелските медиуми наведуваат дека вечерва се истрелани ракети од иранско производство од типот „Фаџр“.

Освен Хамас, и Исламска држава, која има поддршка од Иран, располага со ракетен арсенал.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...