Две ракети биле испукани кон украинскиот Боинг соборен крај Багдад, се нагласува во извештај

Ефектот од тоа лансирање на ракетите врз инцидентот со авионот и анализата на тие активности е во процес на истрага, се вели во извештајот.

227

Две ракети беа испукани во правец на авионот „Боинг 737“ на украинската авиокомпанија „Украински меѓународни линии“, соборен во близина на Техеран на 8 јануари од страна на иранските ВВС. Тоа се вели во прелиминарен извештај од истрага на Иранската организација за цивилно воздухопловство.

– Инспекторите се здобија со пристап до информациите на Генералштабот и откриле дека биле истрелани две ракети М1-ТОР од север во правец на авионот, се вели во извештајот.

– Ефектот од тоа лансирање на ракетите врз инцидентот со авионот и анализата на тие активности е во процес на истрага, се вели во извештајот.

Иран призна за уривањето на авионот на 11 јануари. Тогаш началникот на корпусот на Исламската револуционерна гарда, Амир Али Хаџизаде, презеде целосна одговорност за инцидентот, но рече дека станува збор за само една ракета со мал дострел што била истрелана на 8 јануари во правец кон авионот.

Иран, во меѓувреме, соопшти дека побарал од САД и Франција опрема за информациите од црните кутии на украинскиот авион. Техеран изјави дека се уште не добиле позитивен одговор на барањето.

Барањето е упатено до Националната служба за безбедност на транспортот на САД и до француското Биро за истраги и анализи, соопшти Иранската организација за цивилно воздухопловство.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...