Две недели по Богојавление, крстот пронајден во Аквапаркот во Пробиштип

1438
FOTO Prinstkrin

На Богојавление, попот во Пробиштип мораше двапати да фрла свет крст во базен, зошто првиот исчезна.

Две недели подоцна, крстот конечно беше пронајден во големиот базен на пробиштипскиот Аквапарк. Оваа година за Водици имаше навистина многу необични ситуации. Но, онаа која е најнеобична веројатно ни доаѓа од селото Владевци, пренесоа неколку портали.

Селото кое се наоѓа на патот Струмица – Радовиш, помеѓу Општина Радовиш и Општина Василево, го има хитот број еден за Водици годинава.

Млади момчиња се фрлија по крстот во ова село, а најпрво едно од момчињата го фати босилокот, но не беше сигурен што е во водата, па гордо го крена, верувајќи дека станува збор за крстот.

Но, набрзо потоа сфаќа дека се радува на босилекот, по што заедно со останатите момчиња излегоа од водата.

Групата штипјани кои скокаа во реката Брегалница по Светиот крст кој беше фрлен во реката, од раце му го земаа крстот на момчето кој го фати и одбиваа да му го вратат. За да се смири ситуацијата, свештениците на крајот одлучија на најсреќниот да му ги доделат наградите кои му следуваат од црквата, ама не дадоа благослов крстот да биде носен по штипските домови.

ФОТО Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...