Две мртви тела пронајдени во Скопје

6087

Едно лице починато и еден труп во распаѓање се пријавени вчера во скопската полиција.

Како што соопшти МВР, В.З.(47) е пронајден мртов од негов роднина на улицата „Фуштанска“. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е пратено на обдукција.

Во напуштен објект, пак, на улицата „Гвадалахара“ е пронајдено телото на Е.И. (65) од Скопје, во фаза на распаѓање и по наредба на Јавен обвинител е дадено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...