Вчера во 6,20 часот на Граничниот премин Аеродром „Скопје“ на излез од Македонија, при пасошка контрола на 22-годишниот Е.М. од Р.Aлбанија, било утврдено дека користи туѓа албанска патна исправа. Лицето е приведено за понатамошна постапка.
Истиот ден во 5,30 часот на граничен премин Аеродром „Скопје“ на излез од земјава, при пасошка контрола на 22-годишниот К.Н. од Р.Србија, утврдено било дека српската патна исправа во делот на биометриската страница е целосно фалсификувана.
Подоцна лицето приложило и српска лична карта и српска возачка дозвола, кои исто така се фалсификувани. По извршената детална контрола, во неговиот паричник била пронајдена косовска лична карта на негово име. Лицето е приведено за понатамошна постапка.