Двајца млади се тешко повредени при судир на „мицубиши“ и мотоцикл синоќа околу 19 часот во Росоман.
– Сообраќајката се случила помеѓу возилото „мицубиши пајеро“ со кумановски регистарски броеви управувано од С.Љ.(48) од Куманово и мотоцикл „хамачи“ без регистарски броеви управувано од М.Ѓ. (19) од Росоман. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на моорциклот и четиринаесетгодишниот сопатник на мотоциклот, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Повредените лица се пренесени во болницата во Кавадарци, од каде повредениот сопатник на мотоциклот е упатен на лекување во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.