Две младински екипи на „Академија Пандев“ во финалето на Купот на Македонија

81

Младинските екипи на Академија Пандев за фудбалери родени 2001 и 2003 година ќе играат во финалињата на Купот на Македонија за младинци.

Генерацијата 2003 година во полуфиналето го елиминираше Вардар, откако првиот меч во Струмица заврши нерешено без голови (0-0), а во Скопје на реванш мечот „пандевци“ славеа со 2:1.

Финале во Купот ќе игра и генерацијата 2001 година. Таа во полуфиналниот двомеч беше поуспешна од „Шкендија“. Првиот меч во Тетово „Академија Пандев“ победи со 2:1, додека денес во Струмица мечот заврши нерешено (1-1).

„Академија Пандев“ ја продолжи традицијата шеста година по ред да има барем еден тим од младинските категории кој ќе игра финале од Купот на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...