Две минути му го спасиле животот на Грк, не се качил во авионот кој се урна

750

Бев бесен бидејќи никој не ми помогна да стигнам на време, вели Антис Мавропулос на Фејсбук на пост со наслов „мојот среќен ден”, во кој постави и фотографија од неговиот билет за кобниот лет во Етиопија.

Мавропулос сакал да замине за Најроби, каде требало да присуствува на годишната конференција на ОН, пренесува атинската новинска агенција.

Тој пристигнал на портата две минути по затварањето.

Имал билет за подоцнежен лет, но персоналот на аеродромот не му дозволил да патува.

– Ме одведоа во полициската станица во аеродромот. Еден полицаец ми рече да не се спротивставувам, туку  да му се молам на Бога, бидејќи јас сум единствената личност која не се качила на летот ЕТ 302 со кој се губи врската – рекол Мавропулос.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...