Две македонски селекции на кошаркарски турнир во Турција

Репрезентациите составени од кошаркари до 14 и до 15 години ќе учествуваат на силен турнир кој на почетокот на месец јуни ќе се одржи во Измир, Турција.

59

Репрезентациите составени од кошаркари до 14 и до 15 години ќе учествуваат на силен турнир кој на почетокот на месец јуни ќе се одржи во Измир, Турција.

На турнирот ќе учествуваат репрезентации и клубови од Шпанија, Литванија, Турција и од Србија во соодветните возрасни категории.

Турнирот ќе се игра од 9 до 12 јуни.

– Со овој турнир ќе се обележи и стартот на едно богато лето исполнето со репрезентативни активности на младинските национални селекции, велат од МКФ.

За националната селекција до 15 години овој турнир ќе биде трет за оваа календарска година. Репрезентативците веќе учествуваа на два турнира во месец јануари, во Србија и во Турција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...