Две лица се обиделе насилно да влезат со пиштол во автобус на ЈСП

270

Две лица попладнево се обиделе насилно да влезат со пиштол во автобус број 16 на Јавното сообраќајно претпријатие.

Во 13.30 часот е пријавено дека во автобус број 16 на улица „11 Октомври“ во близина на Собранието две лица со возило застанале до автобусот и се обиделе со употреба на пиштол насилно да влезат во него.

Откако не успеале во обидот почнале да бегаат во насока кон Драчево, по што едниот од нив е приведен во полициска станица Кисела Вода, а по другото лице се трага.

Полицијата го пронашла пиштолот бидејќи тие додека се возеле го фрлиле пиштолот по пат.

Во тек е истрага за случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...