Две лица повредени во сообраќајка на патот Кавадарци-Неготино,

Повредени се возачот на автомобилот „мерцедес” Е 190 со битолски регистарски броеви и четиринаесетгодишен сопатник.

128

Две лица биле повредени синоќа во сообраќајна несреќа на патот Кавадарци-Неготино откако се превртел автомобилот во кој се возеле.

Повредени се возачот на автомобилот „мерцедес” Е 190 со битолски регистарски броеви и четиринаесетгодишен сопатник.

– Сообраќајката се случила во 21 часот на регионалниот пат Кавадарци – Неготино, кај кафeанатa „Три багрема“. Во сообраќајната незгода, се превртел патнички автомобил марка „мерцедес” Е 190 со битолски регистарски броеви, управуван од Е.Б.(40) од селото Марена, кавадаречко – информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...