Две лица измамиле дедо и му одзеле пет илјади евра

167

Скопјанец (76) пријавил во полиција дека две непознати лица го измамиле и му одзеле пет илјади евра.

С.А. (76) завчера во СВР-Скопје пријавил дека тој ден во период од 11 до 13.30 часот на ул. „Благоја Стефковски“ две непознати лица го измамиле, при што му одзеле 5.000 евра.

Додека пријавителот се враќал кон својот дом, му се доближило едно лице и му се претставило дека е од Србија и направил сообраќајна незгода со еден Израелец, кој барал да му плати 500 евра.

По кратко време дошло друго лице и се претставило како Израелец и рекол дека жена му била во болница и дека му требале пари за да му плати на лекарот.

Тој му побарал да му даде 5.000 евра само да ги покаже на докторот за да ја лекува неговата жена, а после ќе извадел пари и ќе му плателе на лекарот.

С.А. од банка извадил пари и му ги дал на лицето што се претставил дека е од Израел, а како гаранција му оставил три златника. Откако ги зеле парите заминале и не се вратиле, по што С.А. сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...