Серија од три земјотреси, првиот со интензитет од шест степени според Рихтерова скала, синоќа го погодија западниот дел на Иран.
Според иранската агенција Мехр, две лица загина, еден маж и една бремена жена, а повеќе од 241 се повредени.
Претходно беше соопштено дека загинало едно лице, а над 140 се повредени.
Американскиот геолошки институт соопшти дека другите два земјотреса биле со интензитет од 4.4 и 4.2 степена, а епицентарот се наоѓал во близина на градот Џаванруд во провинцијата Керманшах, со население од околу 621.000 жители, на длабочина од 10 километри под површината на земјата.
Земјотресите биле почувствувани и во ирачкиот главен град Багдад.