Две жени ранети на свадба

813

Две жени на возраст од 35 и 44 години биле ранети при пукање на свадбена прослава во гостиварското село Чајле.

Двете жени биле повредени откако домаќинот на прославата, која се одржувала во дворот на семејната куќа, извадил пиштол и почнал да пука. 

Жените биле пренесени во гостиварската општа болница, а  домаќинот на веселбата Б.Х е здржан во полициска станица во Гостивар.

Увидна екипа и јавен обвинител извршиле увид и се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...