Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил

449

Две жени се повредени вчера во автобус на ЈСП откако возачот нагло закочил за да не удри во возило.

Во 15.20 часот во Скопје на крстосница од улицата Водњанска и 50-та Дивизија, автобус на ЈСП со бр. 50 управуван од М.М. (53) од Скопје нагло прикочил за да не удри во друго возило кое излегло пред него при што со повреди се здобиле патничките во автобусот В.А. (60) и К.С. (52) од Скопје, соопшти МВР.

Со возило на Итна медицинска помош повредените биле пренесени во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде по укажана лекарска помош на К.С. и биле констатирани телесни повреди и истата била пуштена на домашно лекување, а на В.А. и биле констатирани тешки телесни повреди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...