Две деца се повредени откако вчера „застава-128“ излета од патот Вашарејца-Бучин, пред селото Трновци, Битолско.
Како што соопшти полицијата, вчера во 11.24 часот А.А.(28) од Прилеп, управувајќи патничко возило „застава-128“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Притоа, со повреди се здобиле две деца на возраст од две и три години. Тие биле пренесени во Клиничката болница Битола каде им била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.