Две деца на возраст од една и пет години се на иследување во кавадаречката Општа болница по сообраќајката кај Демир Капија кога патничко моторно возило удрило во товарно возило на Македонија пат кое растурало сол на авотпатот Гевгелија-Скопје.
Информацијата дека децата се во болница за МИА ја потврди Благој Митев, хирург од Хируршкото одделение во болницата.
– Во моментов децата се на иследување. Направени се рентген снимки, тие се свесни и контактибилни, не се нервозни, но сепак да бидеме начисто околу тоа дали има некоја повреда, ќе ги исконтролираме уште некое време па ќе одлучиме што понатаму – рече Митев.
Сообраќајната незгода се случи вечерва по 20 часот.