Две деца и еден возрасен на Инфективна клиника со симптоми на морбили, досега 26 хоспитализирани

339

Министерството за здравство соопшти дека денеска до 13 часот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се хоспитализирани уште две деца и еден возрасен, со симптоми на морбили. Во моментов има 26 хоспитализирани пациенти од морбили.

Најмладиот пациент е осуммесечно бебе, а највозрасната пациентка има 43 години од Скопје и е мајка на едно од заболените деца. Сите новопримени пациенти имаат клиничка слика на заболени од морбили (мали сипаници). Досега во сите вакцинални пунктови во Скопје вакцинирани се вкупно 2.008 лица, а само денеска до 13 часот МРП вакцината ја примиле 104 деца, информираат од Министерството.

Од Министерството повикуваат на вакцинација на децата, иако е прогласена епидемија од морбили.

Има доволно количини од МРП вакцините. Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со проверен квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење, посочуваат од Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...