Еден тешко и еден полесно повреден е билансот на сообраќајната несреќа ноќеска на автопатот Тетово-Скопје поради излетување на две возила. По излетување на првиот возач, поради остатоците од возилото и инфраструктурата на автопатот уште еден автомобил излетал од коловозот, информира денеска СВР Тетово.
– Патничко моторно возило „опел астра“ со тетовски таблици управувано од 33 годишен тетовец Д.А изгубило контрола и излетало од коловоз. Возилото удрело во метална заштита ограда и се превртело. Возачот кој бил сам во возило, здобил тешки телесни повреди, а по пружањето лекарска помош во тетовска болница е однесен на скопските клиники. Како последици на сообраќајна несреќа, поради остатоци од оштетена ограда и скршено стакло од коловоз излетало возило „Рено лагуна“ со тетовски таблици управувано од 24-годишна Ф.М од Палатица. Таа исто така била сама во возилото, но поминала со лесни повреди – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Сообраќајната несреќа околу 21 часот се случила кај ткн. Требошки надвозник.