Два тона кокаин запленети во подморница од шпанската полиција

94

Шпанската полиција запленила подморница на која биле откриени два тона кокаин и притоа уапсила две лица.

Би-Би-Си го цитира соопштението на полицијата во кое се наведува  дека подморницата била откриена кога се доближила до брегот на Галиција, и дека трето лице, исто така, било во неа, но успеало да им побегне.

Трите лица, се наведува во соопштението, потекнувале од Еквадор.

Шпанските медиуми пренесуваат дека подморницата од Колумбија пристигнала до шпанскиот брег, а полицијата се обидува да утврди дали цело време самостојно патувала од Латинска Америка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...